За нас печатењето е занает, но дизајнот е уметност. Токму затоа како компанија посветуваме големо внимание на создавање креативни решенија за нашите клиенти. Печатница Софија има сопствен тим од професионални графички дизајнери со долгогодишно искуство во оваа област. Изготвуваме квалитетни графички решенија за сите производи кои се дел од нашето портфолио како печатница. На тој начин нашите клиенти добиваат сè на едно место, од идеја до готов производ.
Токму надворешниот изглед на вашата амбалажа е она што прво доаѓа во допир со купувачите, што го привлекува или го одбива нивното внимание. Дизајнот пренесува многу информации до вашите потрошувачи, испраќа порака, споделува информација. Затоа посветуваме големо внимание на овој дел од процесот на создавање амбалажа, рекламен материјал или друг тип производи и им помагаме на нашите клиенти да бидат уникатни и препознатливи.
ПРОБЕН ПЕЧАТ – Print Proof
Печатница Софија нуди услуга за пробен печат кој всушност претставува прелиминарна верзија за готовиот производ. На овој начин се добива претстава како ќе изгледа финалниот производ и се прецизираат сите детали пред да започне процесот на сериско печатење. Нашите клиенти имаат можност директно да учествуваат во процесот на пробен печат и на тој начин заедно да го добиеме очекуваниот резултат.
Пробен печат обезбедува блиска претстава за тоа како ќе се појави производот кога се печати. Пробниот печат е потребен за да се осигури дека клиентот и печатницата се во целосна согласност за посакуваниот резултат пред да одат на печатење.
Пробниот печат е од витално значење затоа што помага во спречување на непредвидени проблеми со текст, слики, бои и други елементи во дизајнот. Пронаоѓањето и коригирањето на прашањата за изгледот т.е. боите, дизајнот и други проблеми кои можат да се појават пред започнување со печат не само што заштедува драгоцено време, туку помага да се избегнат несогласувањата околу финалниот печат и трошоци поврзани со печатењето.
Доколку имате нов производ за кој треба да се креира амбалажа или пак не сте задоволни од постоечката амбалажа на вашите производи, нашиот професионален тим нуди целосна услуга. Ќе ви помогнеме да создадете пакување кое ќе биде полесно, пофункционално и потрајно, поддржувајќи ги целите на брендот, и што е особено важно, привлечно и практично за современиот потрошувач.
Нашите услуги вклучуваат:
• Анализа на постоечкото пакување кое го користите
• Предлог решение за подобрување на актуелното пакување или идеја за изработка на ново пакување
• Создавање конструкција на пакувањето
• Изработка на модерен и привлечен дизајн на пакувањето
• Производство и печатење на пакувањето со квалитетни и иновативни материјали од реномирани европски производители со сертификати за квалитет и еколошка безбедност.
На овој начин ќе добиете модерен и безбеден готов производ кој ќе ги воодушеви вашите потрошувачи. Бидејќи пакувањето не е само амбалажа на вашите производи туку и продажен агент кој ќе ги привлече купувачите!
ИЗРАБОТКА НА ПРОБНА КУТИЈА – SAMPLE BOX
Печатница Софија нуди изработка на пробна кутија (sample box) во фазата на развој на нов производ, како и при проширување на палетата на постоечките производи. Ова е особено важен сегмент од процесот на производство на амбалажа, бидејќи му овозможува на клиентот да го види и тестира типот на хартија, реалната големина на кутијата и како неговиот производ ќе се вклопи во амбалажата. Исто така, на овој начин се проверува и издржливоста на материјалот, со можност преку тестирање повеќе различни материјали да се избере најсоодветниот.
Имаме искусен и стручен тим кој ќе ја конструира совршената амбалажа за вашите производи. Конструкцијата на амбалажата се работи по EСMA стандарди и со користење најсовремени програми наменети за овој тип работа.
Офсет печатењето е едно од трите основни модерни техники на печатење. Ова е класичен метод, ефикасен за печатење на разни видови на хартија. Офсет печатењето овозможува печатење со одличен квалитет, совршена репродукција на бојата и на мали сликовни елементи. Покрај основните бои (СMYK) може да се користи и дополнителна палета на бои (Pantone) , како и лакови. Нашата печатница располага со можност за лакирање со УВ Лак, Вододесперзивен Лак, Офсетен Лак, како и селективно лакирање со УВ Лак.
Овој метод на печатење се користи во поголемиот дел модерни печатници поради неговата лесна и ефикасна примена. Квалитетот на печатењето зависи од вештините на тимот за печатење и техничката состојба на опремата. Нашиот тим за печатење се заштитници на интегритетот на вашиот бренд и директно ги пренесуваат своите вештини и стручност во вашиот проект, со сигурност создавајќи го најдобриот производ за вас.
Нашата печатница гарантира висококвалитетно офсет печатење благодарение на новата опрема и вештиот персонал со работно искуство од 30 години.
Печатница „Софија“ поседува УВ машина од познатиот германски производител „Heidelberg“, која овозможува брзо печатење со УВ бои и УВ лак со најдобар квалитет на различни неапсорбирачки материјали. Со UV Офсет печат имаме можност да печатиме на ПВЦ налепници, полипропилен, метализиран картон, алукет хартија за етикети, како и на сите неапсорбирачки материјали до дебелина од 0,9mm. Машината е со IN-line УВ лак, што дава можност за селективно/ делумно лакирање
Дигиталниот печат е брза техника за печатење и денес е незаменлива кога е потребно да се отпечати мал тираж за најкратко време. Нашата дигитална технологија нуди брзо, квалитетно и економично печатење коешто одговара на вашите и потребите на вашите потрошувачи. Со дигиталното печатење вашите печатени материјали може да се направат да бидат персонализирани и привлечни за клиентите, со тоа што ќе им се обратите подиректно со уникатен текст, графика и контакт информации.
Метализираниот картон е посебен вид на картон обложен со метализирана фолија. Овој материјал денес е широко употребуван за различни видови на кутии за пакување. Популарноста на оваа техника расте сè повеќе од ден на ден. Таквиот материјал најчесто се користи како премиум пакување за фармација, козметика, алкохол, кутии за прехрамбена индустрија, честитки и сл. Печатењето на метализиран картон бара УВ бои и УВ Лак.
Метализираниот картон се користи и во прехрамбената и слаткарската индустрија како внатрешен дел од кутијата. Фолијата која се користи за ламинација е со сертификат за директен допир со храна и е добра и безбедна бариера помеѓу картонот и производот. За кутиите кои се користат за пакување на храна, кај кои производот е директно на фолијата поседуваме сертификат за директен допир со храна и истиот го добива и клиентот.
Глобалните истражувања покажуваат дека метализираните пакувања привлекуваат многу повеќе внимание и даваат поголем впечаток за квалитет во однос на традиционалните амбалажи.
Микровал е брановиден картон направен од еден или повеќе слоеви прилепени еден за друг помеѓу два рамни/ мазни картонски листа на горната и долната страна.
Микровалот најчесто се изработува од Флутинг, Тестлинер, Крафт хартија и сл. Микровалот кој го произведуваме е со карактеристики на E-Flute кој најчесто одговара за изработка на кутии но не и на транспортни кутии.
Печатница СОФИЈА е единствен произведувач во регионот што користи 100% целулозна хартија за производство на микровал. Материјалот се набавува директно од Финска од реномираниот производител MetsaBoard.
Микровалот изработен од 100% целулозна хартија се употребува најчесто за изработка на кутии во кои се пакува храна т.е. каде производот е во директен контакт со кутијата. Овој материјал направен од 100% целулоза поседува сертификат за директен контакт со храна а од него најчесто се изработуваат кутии за: пици, хамбургери, кутии за достава на храна, кутии за пакување на колачи и сл.