ЗА НАС

Печатница „Софија“ Богданци е формирана во 1991 година како компанија за вршење графички услуги и промет. Низ годините компанијата постојано растеше и се развивше и денес е еден од лидерите во графичката индустрија во Македонија.

Печатница „Софија“ располага со вкупна работна површина од 3000 метри квадратни и е опремена со машини од програмата на реномираниот германски производител „Heidelberg“. Има целосно заокружен техничко-технолошки процес што подразбира производство на печатен графички материјал, од идеја до реализација. За тоа се грижат 50 вработени лица, кои се професионалци во делот што го работат. Во текот на над дведецениското постоење компанијата постојано инвестираше во нови технологии и развивање на сите сегменти од печатарската дејност. Печатница „Софија“ во својот состав има и одделение за графички дизајн и подготовка за печат. Покрај класичните печатарски производи, печатницата е препознатлива и како производител на метализирана хартија, која се користи за изработка на фина амбалажа. Она што не издвојува од конкуренцијата е можноста за печатење со софистицирана УВ технологија. Дел од нашиот богат асортиман се: книги и списанија во боја, секаков вид рекламен материјал, каталози, брошури, флаери, календари, нотеси, папки, хартиени ќеси, етикети, картонска амбалажа, кутии од каширанмикровал итн. Покрај производствениот погон во Богданци, компанијата има и претставништво во Скопје, со цел полесна комуникација со клиентите од целата држава. Исто така нашите производи се застапени во повеќе земји од регионот, меѓу кои најголема соработка имаме со реномирани компании од Грција. Печатницата располага и со сопствен возен парк за транспорт на производите до клиентите.

Печатница „Софија“ е голем поддржувач на културата и уметноста. Во рамките на објектот во Богданци функционира галериски простор и посебни атељеа за изработка на графики. Во галерискиот простор, кој во текот на целата година функционира како мини-изложба се истакнати дела од повеќе познати уметници од Македонија и од странство.

НАШАТА МИСИЈА

Нашата мисија е да имаме задоволни клиенти и да создадеме додадена вредност на нивните производи.

За таа цел, постојано инвестираме во нови технологии и во стручно усовршување на нашите вработени. Ги следиме светските трендови во печатарската индустрија и пред себе си поставуваме цел дека секој наш производ мора да ги задоволува највисоките критериуми за квалитет.

ISO МЕНАЏМЕНТ

Доказ за успешното и професионално работење во насока на исполнување на барањата и желбите на клиентите е сертификатот за стандардот ISO 9001:2008 кој го поседува печатница „Софија“.

Овој меѓународен стандард подразбира целосна посветеност на потребите на клиентите, како и исполнување на строгите професионални правила во целиот работен процес. Печатницата воспостави систем за управување со квалитетот кој е прилагоден на структурата на целата организација и е во целосна согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2008.

ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА

Печатница „Софија“ како општествено одговорна компанија е голем поддржувач на културата и уметноста.

Токму затоа, од 2008 година е организатор и покровител на Графичката работилница „Софија“, која секоја година на крајот на август и почетокот на септември се одржува во Богданци. Во просториите на печатницата се создадени сите услови за креирање дела од сите графички техники, со што оваа работилница е единствена од ваков тип на Балканот. На неа до сега имаат учествувано над 120 уметници (графичари) од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Бугарија, а ментори биле истакнати професори од ликовните академии во Нови Сад, Загреб и Скопје.