Pecatnica

ПЕЧАТНИЦА СОФИЈА БОГДАНЦИ

     Печатница Софија Богданци е формирана во 1991 година како компанија за вршење графички услуги и промет. Со текот на времето печатницата постепено го зголемуваше обемот на работа и растеше. Денес печатницата има над педесет вработени и е со целосно заокружен техничко-технолошки производствен процес во графичката дејност. Сместена е во 2000 метри квадратни работен простор.

     Во техничко-технолошки поглед печатницата го има целосно заокружено производствениот процес така што има сопствено одделение за дизајн и компјутерска обработка, опремено со професионални графички станици, во кои работи врвен дизајнерски тим. Печатењето се одвива на повеќе машини за печатење, сите од познатата марка Hеidelberg. Печатница Софија располага со машини за изработка фина амбалажа и хартиени ќеси со врвен квалитет.

     Во својата дејност таа е ориентирана кон графички дизајн и изработка на сите видови канцелариски материјали, изработка на рекламен материјал (плакати, каталози, флаери...), изработка на етикети, книги, весници, фина амбалажа, ќеси и слично.

     Седиштето на фирмата е во Богданци. Таму се одвива целиот процес на производство. За полесна комуникација со клиентите од републиката Печатница Софија има свое претставништво во Скопје кое покрај што се грижи за приемот и испораката на производите се подготвуваат и дел од идејните решенија и се врши подготовка за печат.

     Во состав на објектот во Богданци има и галериски простор и посебни атељеа за графика. Во галерискиот простор се изложени дела од повеќе познати автори од Македонија и странство.

     Во иднина печатницата има тенденција да ја спои графиката како уметност од една страна и како практична примена во процесот на печатење од друга страна.

     Заради достигање на задоволството од квалитетот на производите и услугите, постојан напредок и исполнување на очекувањата на клиентите, печатницата воспостави систем за управување со квалитетот кој е прилагоден на структурата на целата организација и е одреден на основа на барањата на стандардот ISO 9001:2000. За истиот доби сертификат согласно стандардот ISO 9001:2000.


                                        
печатница дизајн производ клиенти барање за понуда